еМагазин
Image default
Македонија

Заев го замоли папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата

Македонскиот премиер Зоран Заев и Неговата Светост папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, уште еднаш била потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и со чествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.

Премиерот Заев на средбата порачал дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолил папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.

-На средбата меѓу премиерот Заев и Папата Франциск беше истакната заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И ќерката на Заев го пречека папата Франциск

Папата дојде откако се залетавме кон НАТО: Лицимерие на Ватикан или закрила на Западот?

Обожава танго и да готви, играл кошарка, работел како исфрлувач во ноќни клубови: Интересни факти за папата Франциск

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се огласија бугарските интелектуалци: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик

Редакција

Штип ново жариште: Рекордни 60 новозаразени со корона вирусот

Редакција

Со претходни заболувања 25% од новозаболените со Ковид-19

Редакција