еМагазин
Image default
Бизнис

Намалени приходите на „Факом“

Во првите три месеци од оваа година приходите од продажба на „Факом“ АД Скопје се намалени за 59% во однос на лани, од кои приходите на домашен пазар се намалени за 34%, а приходите остварени на странски пазар се намалени за 64%. Сето ова е резултат на намалениот обем на работа за овој период, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Компанијата направи зголемување на финансиските приходи за 158% во однос на 2018 година, а тоа се приходи од камати од работење со неповрзани друштва. Вкупните приходи за периодот од 01.01-31.03.2019 се 225.443.089 денари или се намалени за 58% во однос на истиот период минатата година 2018 година.

Вкупните расходи за 2019 година се 225.044.557 денари или се намалени за 56 % во однос на 2018 година. Зголемување имаме кај останатите оперативни расходи од работењето, а тоа се одобренија по основ на трошоци од минати години.

Компанијата заклучно со 31.03.2019 искажа позитивен финансиски резултат од 398.531 денари (6.480 евра)“, информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека основна определба на компанијата и понатаму мора да биде извозната ориентација, подобрувањето на квалитетот на своите производи, исто така ќе продолжи со трендот на рехабилитација на постоечките капацитети, подобрување на работните услови и инвестиции во нова опрема и посовремена технологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга… зеле пари од државата преку мерката за плати на работниците, но не им ја исплатиле

Редакција

Кипар ја премести Македонија од зелената во портокаловата категорија за патување

Редакција

Намалена добивката на „ФЗЦ 11 Октомври“

Редакција