еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за обид за убиство за крвавата пресметка пред хотел во Стар Дојран

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Р.(23) и К.С.(21), двајцата од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ и против Р.С.(21), А.Р.(24), Д.Р.(20), Ф.А.(20) и Т.А.(19), сите од Струмица за “помагање“ во врска со кривичното дело – “убиство во обид“, информира МВР.

На 01.05.2019 година околу 02,30 часот во Стар Дојран во близина на хотел, поради преходна расправија и физичка пресметка помеѓу К.Р. и Р.С. од една страна и З.М. и уште двајца вработени во хотелот од друга страна, К.Р. поттикнат од останатите пријавени, со нож кој му го дал неговиот брат Д.Р. му нанел убодни рани на З.М. во пределот на грбот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угина една од жирафите во Зоолошката градина: Тага по миленикот Тобого

Редакција

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: Опожарени 40 контејнери изминатите два месеци

Редакција

Прилепчанец починал откако со „томос“ удрил во столб

Редакција