еМагазин
Image default
Локално

Ранохристијанска базилика откриена на новиот експресен пат Штип – Кочани

Градежните работници на кинеската компанија „Синохидро“ при градењето на новиот експресен пат од Крупиште кон Кочани, кај селото Жиганци открија ранохристијански комплекс и остатоци од ранохристиојанска базилика.

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип Митко Штерјов и стручниот тим веднаш дојдоа на местото каде што се откриени вредните артефакти.

– Од првичниот увид, се потврдува дека се работи за еден редок ранохристијански објект и за еден малку поголем комплекс. Се надевам дека археолошките истражувања ќе дадат повеќе и поплодни резултати, бидејќи оваа локација е во непосредна близина на селото Крупиште, каде има богат археолошки локалитет, токму од ранохристијанскиот период со остатоци од цркви, каде што се смета дека за време на својата мисија светите браќа Кирил и Методиј престојувале токму тука, изјави Штерјов.

Нагласи дека само мал дел од откриениот локалитет се наоѓа на трасата и не очекува локалитет да ги стопира градежните работи бидејќи машините, како што рече, ќе се префрлат од другата страна на трасата, сè додека траат археолошките истражувања на она што е пронајдено на и до трасата. Сепак, арехолозите сметаат дека е можно да има мало поместување на трасата.

–Ние ќе гледаме тој дел да се истражи и да остане како еден белег покрај идниот експресен пат, а ако има потреба мислам дека ќе може за некој метар или два да се помести самата траса, рече Штерјов.

Машините на кинеската компанија „Синохидро“, изведувач на градежните работи, на трасата за идниот експресен пат кај селото Соколарци открија и остатоци од некропола што датира од  3 до 6 век од нашата ера.

МИА/Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го позајмил возилото од таткото на сопругата и го продал во отпад

Редакција

Им се заканувала дека ќе ги запали во дом за бездомници

Редакција

(Фото) Струмица ќе добие нов парк на површина од 40.000 метри квадратни

Редакција