еМагазин
Image default
Бизнис

Анѓушев: Цените на горивата во рамки на претходно утврдените од РКЕ

Цените што нафтените компании ги дефинираа на пазарот, односно на нивните бензиски пумпи се исти или слични какви што би биле и по методологијата што до скоро се применуваше. Што значи дека тие направија еден коректен пристап кон пазарот и не ги зголемија цените, иако пазарот во овој период е либерален, се до донесувањето на методологијата.

Ова го оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање во врска со малопродажните цени на нафтените деривати што од денеска трговците сами можат да ги определат, по како што вели разменетите информации утрово со Регулаторната комисија за енергетика.

Ваквата можност настапи поради правниот вакуум предизвикан со непотпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов заради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги определува цените.

-Основниот предзнак на Законот за енергетика што го донесовме е повторно конкурентност и либерализација и државата нема да се меша во тоа. Напротив државата единствено само ќе постави максимален праг на цените на горивата, а под тој праг им е дозволено на сите нафтени компании или компании што се занимаваат со продажба на нафтени деривати да воспостават свои пазарни цени.

Максималниот праг е со цел да ги заштити граѓаните од евентуалното монополско здружување кое не можам да кажам дека постои, рече Анѓушев кој денеска имаше обраќање на Прва регионална конференција за факторинг како алтернативен начин на финансирање на малите бизниси.

Тој рече Владата нема да биде ригорозна во регулирањето на пазарот, туку ќе остави тој да биде колку е можно либерален, воедно посочувајќи на фактот дека 80 отсто од продажбата на големо на нафтените деривати во нашата држава се одвива преку ОКТА која е главен трговец на големо во земјава.

-Тука би требало да пристапиме со едно внимание како на крај цената не би ја платиле граѓаните на нашата држава, а и не само граѓаните во делот на социјалната компонента, туку и индустријата и транспортот, практично сите сегменти на економското живеење во државата што зависат од нафтата и нафтените деривати.

Од тука е внимателноста на РКЕ, но секако и понатаму останува сите нафтени компании своите цени да ги намалуваат, односно да си конкурираат едни со други и на бензиските пумпи доколку сакаат да остварат поголема продажба, вели вицепремиерот Анѓушев.

Според него, на компаниите е дали ќе се откажат од маржата.

-Точно затоа РКЕ е внимателна, комплетно во нејзина ингеренција е да ја направи методологијата. Тие овие денови тоа внимателно го следат и затоа во Законот е оставен простор и можност Регулаторната комисија со методологијата да ги ограничи цените, доколку видиме дека почнуваат неразумно да растат на пазарот, рече Анѓушев повторувајќи дека од она што може се види цените се исти или слични на тие кои би биле регулирани по методологијата која до скоро важеше.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ самоиницијативно ги намали цените на горивата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 8,7 милиони евра за три месеци

Редакција

Осигурениците лани наплатиле 71 милиони евра, осигурителните компании исплатиле над 100.000 штети

Редакција

„Виз ер“ ги прекинува летовите кон Италија, по одлуката на владата цела држава да биде во карантин

Редакција