Еден од најголемите синџири за продажба на техника, „Техномаркет“, на утрешното отворање на својот 16-ти продажен салон во населбата Аеродром, на потрошувачите ќе им понуди производи од сите категории со атрактивни цени.
Во наредните денови потрошувашите ќе имаат можност да купуваат по специјални промотивни цени до -50% попуст на производи од бела техника, телевизори и голем број на апарати за домаќинство од сите познати брендови.
„Задоволство ни е да ги поканиме сите наши потрошувачи да бидат дел од големото отворање на нашиот нов маркет, утре, 15-ти мај во 12 часот. Маркетот е лоциран е на булевар Србија број 48, помеѓу населбите Аеродром и Ново Лисиче. Ќе ве очекуваат многу изненадувања за целото семејство“, велат од „Техномаркет“.
Новиот салон на „Техномаркет“ Македонија се простира на 700 квадратни метри, на два ката со сопствен паркинг и со пријатна атмосфера за шопингување. Сите оние кои ќе присуствуваат ќе може да си одберат производи за себе и за својот дом по пониски цени.
Техномаркет Македонија е компанија со долгогодишна традиција, со продажни места ширум земјава кои постојано ги следат светските стандарди и трендови за техника.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА