еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Грчкиот Парламент одобри отварање нови гранични премини кон нашата земја

Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција.

Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано.

За двата предлог закони, присутните пратеници во Парламентот, на две посебни електронски гласања, го изразија нивниот став, кој се броеше како став на партиите.

На гласањето му претходеше расправа што траеше околу час и половина. Во речиси празната сала на пленарната седница се обратија 10 пратеници од различни партии.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерите на Западен Балкан од Драч ветија поддршка и заедништво при природни катастрофи

Редакција

„Мини Шенген“ од денеска е „Отворен Балкан“

Редакција

Со сезонска ски-карта од Ресорт Маврово може да се скија низ поранешна Југославија

Редакција