еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев се сретна со Црвенковски: Заедно ќе бараат проширувањето на ЕУ да излезе од крстопат

Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој на оваа средба дојде во својство на член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на средбата, поранешниот претседател Црвенковски го информираше премиерот Заев за иницијативата Подгорочкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни, оваа година.

Целта на оваа конференција, како што на средбата истакнал Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес, се наведува во соопштението.

Заев ја прифатил поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот, стои во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на Халк Банка

Редакција

(Фото) Советникот на Стејт департментот, Шоле доби дрес од Ковачевски, што ќе добие Македонија од неговата посета

Редакција

Седум години „еМагазин“: Сведочиме дека научно фантастичните филмови може да станат реалност

Редакција