еМагазин
Image default
Бизнис

„Фершпед“ ќе дели дивиденда во бруто износ од 1.780 денари по акција

Собранието на акционери „Фершпед“ АД Скопје на својата седница одржана на ден 17.05.2019 година донесе одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Се одобрува исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка на Друштвото до 2008 година во бруто износ од 29.019.340 денари. Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 1.780 денари. Дивидендата ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 05.06.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда 06.06.2019 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 07.06.2019 година“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите членови на Одборот на директори на „Фершпед“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Моторџиите од полноќ ќе плаќаат за 40 отсто поевтина патарина

Редакција

Синохидро ја повлече арбитражата кон ЈП за државни патишта пред Меѓународниот суд во Париз

Редакција

Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на телевизија Алфа

Редакција