еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Времено се замрзнува издавањето одобренија за градење и легализација на дивоградби во Охрид

Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ.

Оттаму информираат дека во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство, да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата како фактор на одржливиот развој.

„Владата на РСМ посветено работеше на донесувањето на овој закон, и на седницата беше нагласено уверувањето дека со новиот состав на Советот за следење и координација на управувањето со природното и културно наследство во Охридскиот регион ќе се зголемат капацитетите за ефективно управување со природното и културното наследство во овој регион.

Согласно предлог-законот Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион ќе се донесе најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

До донесување на Планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти и времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување на урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации.

Овие активности ќе продолжат по донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство“, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Твитер „полуде“: „Најубаво ќе биде ДУИ да ги заштитиме во УНЕСКО, секако никој ништо не им може“

Општина Охрид: Забелешките на УНЕСКО ја покажуваат фактичката состојба на Охридскиот регион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Редакција

Објавен конкурс за обука на воени пилоти

Редакција

23 лица од Сингелиќ кои протестираа за време на полициски час ќе треба да платат над 80.000 евра

Редакција