еМагазин
Image default
Македонија

Ќе остане ли пратеникот Груевски без мандат: Одлуката за одземање на собраниска комисија

Членовите на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања денеска треба да расправаат за предлогот за одземањето на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Пратениците ќе одлучуваат по предлогот поради неоправдано отсуство на Груевски повеќе од шест месеци, а врз основа на известувањето од претседателот на Собранието, Талат Џафери, доставено на 15 мај 2019 година.

Седницата за одземање на мандатот на Груевски започна минатата недела, но не заврши поради оставката на пратеникот и претседател на комисијата Павле Богоевски.

Според член 59 од собранискиот Деловник, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеци, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

За одземање на мандатот потребно е предлогот да го поддржат две третини од пратеници или 80 гласа „за“. Пред шест месеци Собранието не успеа да изгласа одземање на мандатот на Груевски на предлог на истата комисија со образложение дека тој е недостоен да ја извршува пратеничката функција поради изречената двегодишна казна затвор за набавка на луксузниот мерцедесот за случајот „Тенк“ на СЈО.

Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во месец ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија.

Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство: Нема законски пречки Интерпол да објави потерница по Груевски

Се јави Груевски: Ципрас никогаш не побарал да разговараме за решение за името

Обвинетите тврдат: Диво насеље е сценарио во режија на Али Ахмети и Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 3.561 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.450, починати седум лица

Редакција

Демократски сојуз за препораките на историската Комисија: Грешки со историски димензии

Редакција

(Видео) „Кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“ и рекол Мицкоски на Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и порача тоа да го докаже на суд

Редакција