Високи државни делегации од Македонија и регионот денеска присуствуваа на отворањето на автопатот од Приштина до Блаце кој го носи името „Арбен Џафери“.
„Автопатот што денеска се пушта во употреба ќе биде силна мотивација и за нас да ги забрзаме подготовките за старт на работите на автопатот Блаце – Скопје. Овие денови и кај нас се распишува тендерот на автопатот од 14 километри, вреден 120 милиони евра којшто е од границата меѓу Северна Македонија и Косово, до главниот град на нашата земја, Скопје.
Така ќе се заокружи автопатското поврзување меѓу Скопје и Приштина и патувањето меѓу овие два града ќе трае само 45 минути.
Наша обврска е автопатот Скопје Приштина, како дел од Рутатата 6 од Паневропските мрежи на патишта да започнеме да го градиме во предвидениот рок и целосно да го завршиме во експресно време.
Овој автопат прави поврзување помеѓу граѓаните во Република Северна Македонија и Косово, но и помеѓу граѓаните на Северна Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, го поврзува целиот овој наш регион“, рече премиерот Зоран Заев.
Должината на автопатот до Блаце, кој ние треба да го изградиме, е 13 километри.
Предвидениот рок за целосна изградба на овој автопат до 2025 година е неприфатлив за бизнис заедницата. Тие бараат проектот треба да биде приоритет над приоритетите за реализирање, во што е можно пократок рок, бидејќи губиме стратешки трговски партнер.