Вкупниот број платежни картички на крајот на 2018 година изнесуваше 1,8 милиони картички и бележи незначителен годишен пад од 0,03%, соопшти Народната банка.
Иако вкупниот број платежни картички е речеси непроменет во споредба со 2017 година, значително е зголемено учеството на контактно-бесконтактните картички во вкупниот број платежни картички на 41,6% од 27,3% во 2017 година, при висок годишен раст од 52%.
Околку 80% од вкупниот број картички се дебитни, а остатокот се картички со кредитна функција, задржувајќи го истото структурно учество како во претходните две години.
Притоа, физичките и правните лица најмногу ги поседуваат картичките од брендот „виза“ (56%), по што следува брендот „мастер кард“ (40%), додека останатите брендови се релативно малку застапени (4%).
Фото: Finepex