Забранети и казниви работи нема што да коментирам, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери одгвоарајќи на новинарско прашање во врска со телефонските разговори објавени во јавноста во кои наводно се слушаат гласови на членови на ДУИ, партија чиј член е и првиот парламентарец.
Запрашан дали ќе постaпи како пратеникот Павле Богоевски, во случај за него да се објават снимки од прислушувани разговори во кои има индииции за криминал со оглед на тоа дека ДУИ станува таргет на објавување на „бомби“, Џафери рече дека не сака да коментира хипотетички ситуации ниту пак да се споредува со Богоевски.
Претходно, на редовната месечна средба со новинарите, претседателот на Парламентот одговарајќи дали би повикал на одговорност одредени нивни функционери, рече дека имајќи предвид оти е на оваа функција нема право на одлучување во органите на ДУИ.
– Немам право да се мешам во тоа. Јас сум претседател на Собрание, партијата има свој претседател и има органи. Тоа е веќе внатрешна работа, рече, меѓу другото, Талат Џафери.
МИА/Фото: Собрание
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев не слушнал за новите „бомби“
Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“
Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?