Стопанска банка АД – Скопје (СБ) ќе изврши исплата на дивиденда по приоритетни акции за втората половина на 2018 година во вкупен износ од 909.776 денари или бруто износ од 4 денари по акција, соопшти банката преку Македонската берза.
„Основицата за пресметка на дивидендата изнесува 90.977.600 денари (227.444 приоритетни акции со номинална вредност од 400 денари по акција). Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 12.06.2019 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2019 година“, соопшти банката.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.