еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Исчезнатиот Пинета Секондо пронајден мртов, МВР со кривична за убиство за две лица

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM, информираат од МВР.

“Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот.

Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за убиството на Пинета Секондо во бегство: Потресни детали од Обвинителството

Фото: Фејбук/Пинета Секондо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР за спотот на партијата на Каракачанов: Предизборни спотови во кои има територијални претензии не се во духот на добрососедство

Редакција

(Фото) Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Редакција

Авторот на проектите за Домовите за стари лица, Лилјана Тодорвска сведочеше на рочиштето за „Меѓународен сојуз”

Редакција