Маја Трпковска, мајката на Пинета Секондо – Пино, кој неколку месеци беше исчезнат и вчера беше пронајден мртов објави фејсбук-статус, по повод неговата смрт.
Пренесуваме дел од него, а останатиот дел го цензурираме поради навредливата содржина.
„Благодариме на сите за подршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега барам правда за моето дете. Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат“, пишува меѓудругото на нејзиниот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезнатиот Пинета Секондо пронајден мртов, МВР со кривична за убиство за две лица
Осомничениот за убиството на Пинета Секондо во бегство: Потресни детали од Обвинителството
Трпковска: Син ми не е избеган од дома, Ве молам помогнете ми да го најдам
Фото: Фејсбук/Пино