еМагазин
Image default
Локално

Детето од Прилеп кое исчезна во Тетово најдено во Скопје

Секторот за внатрешни работи од Тетово информираше дека е најдено шестодишното дете од Прилеп кое беше пријавено кај нив како исчезнато на 18-ти мај од страна на родителите. Детето го нашле полициски службеници во Скопје.

– Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се оддалечувало од неговите родители, но и честопати покажувало знаци и постапки на асоцијално однесување, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Случајот во СВР Тетово на 20 мај го пријави неговиот татко, 29-годишниот Е.М. Според неговото кажување, детето се изгубило два дена порано додека играло во забавниот парк на спортскиот центар во Тетово.

Тројцата членови на семејството во мај времено дошле од Прилеп во Тетово каде работеле на собирање старо железо.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И тоа се случи: Влетале со автомобил во неготинскиот пазар и оштетиле тезги 

Редакција

Уапсен средношколец од штипската Гимназија по закани кон соучесници на Инстаграм

Редакција

Жител на Дебар организирал игри на среќа без лиценца, со нерегистрирана фирма

Редакција