еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО.

Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи и докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието почна расправа за интерпелација на вицепремиерот Димитров

Редакција

Владимир Тодоровиќ не е повеќе во домашен притвор, прв ги почуствува поволностите од измените на Кривичниот законик

Редакција

Корупција во владините редови, пренатрупани затвори, закани за новинарите: Што пишува во Извештајот на Стејт департментот за Македонија

Редакција