еМагазин
Image default
Локално

По пожарот во Кисела Вода, 9 пациенти хоспитализирани на Клиниката за токсикологија

Како последница од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, девет пациенти се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Пациентите се во добра општа состојба. Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад“, информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На терен се екипите на Брза помош и на полицијата: Пожар во стан во населбата Кисела Вода

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовчанка со „Ауди“ се забила во дрво

Редакција

Приведен кумановец, одзел пари од вработена во казино

Редакција

Бојкот на наставата во скопско училиште, откако за директор е поставен Албанец

Редакција