еМагазин
Image default
Локално

Ганиу со апел за терасите без дозвола во Старата Скопска Чаршија: Никој нема да биде над законот

Во рамките на акцијата која Општина Чаир ја покрена за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола.

Спрема нив нема да биде изречени предвидените законски казни.

„Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни“, велат од Општината.

Фото: Општина Чаир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две физички пресметки меѓу жени во Тетово: Се тепале штипјанка и скопјанка и две тетовчанки

Редакција

Со метална шипка им се заканувал на вработени во „Македонски пошти“

Редакција

Претрес во велешко: Приведено лице поради палење автомобил

Редакција