еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

(Галерија) Османи и Малиќи ги прошетаа дипломатите низ Скопската чаршија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, во рамки на кампањата на Секретаријатот за европски прашања, за промовирање на европските вредности – „Заедно кон Ѕвездите“, денеска ја предводеа турата „Скопје на мапата на Европа“, на која присуствуваа претставници на дипломатскиот кор како и други гости.

-На нашите пријатели од ЕУ да им го покажеме Скопје, не само како политички центар кој во иднина ќе биде дел од метрополите на Европската унија, туку и како туристички центар, град со исклучително богата историја, кој во вистинска смисла на Унијата ќе ѝ донесе цивилизациска и историска вредност, истакна Османи, посочувајќи на Старата скопска чаршија, како симбол за разноликоста на целата земја, за нејзиниот мултиетнички и мултиконфесионален карактер, вистинска гордост на скопјани и сите граѓани.

Малиќи истакна дека за разлика од традиционалниот, модерниот туризам е непрекината потрага по нови, интересни и оригинални, приказни.

-Нашата земја можеби е мала, но речиси сите што дошле во неа, си заминале со приказни чија големина не може да се измери, туку единствено може да се доживее, и потоа да се прераскаже. Таква знаменитост е скопската чаршија, но и други локалитети од различни историски периоди и култури, кои во Скопје ги има многу, изјави Малиќи.

Притоа посочи дека туризмот учествува со 10 проценти во глобалниот бруто домашен производ, а со пристапувањето на државава во Европската унија, земјата уште повеќе ќе ги претстави своите огромни потенцијали во овој сектор.

Туристичката тура започна пред МК-ЕУ Инфо Центарот на СЕП на градскиот плоштад, и продолжи во Стара скопска чаршија каде професионален туристички водич им ги презентираше позначајните локации и знаменитости на градот: Камениот мост, плоштадот „Мајка Тереза“, паркот „Ибни Пајко“, Даутпашиниот амам, црквата „Св. Димитрија“, плоштадот „Скендер-бег“, Чифте амам, Сули ан и џамијата Ќосе Кадиа, а прошетката  заврши со традиционално турско кафе и чај во локалите на чаршијата.

Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 80 проценти од младите во ЕУ имаат основни или над основни дигитални вештини, кај нас 64

Редакција

САД и ЕУ бараат почеток на преговори за Македонија без одлагање

Редакција

Еуростат: Македонија и Србија со најголем раст на туристички ноќевања во ЕУ

Редакција