На 25.06.2019 година во 06.50 часот на улица „Тодор Александров“ во Пробиштип, патничко возило „Опел Корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(28) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во пешакот С.С.(31) од Пробиштип, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот дом-Пробиштип, а подоцна и во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.