еМагазин
Image default
Бизнис

Апликацијата „Мој ДДВ“е достапна на веб-страницата, на „адроид“, но за сега не и за Ајфон

Апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе може да ги скенираат фискалните сметки, со цел поврат на 15 проценти ДДВ е достапна за преземање од веб-страницата на Управата за јавни приходи, информираа денеска од таму.

Корисниците на „епл“ телефоните во моментов не можат да ја користат, и таа ќе биде достапна за преземање за краток период.

„Најавувањето за преземење на апликацијата на веб-страницата на УЈП е со истиот меил и лозинка како и за електронската даночна пријава. За корисниците на „епл“ ќе биде достапна за догледно време, но за граѓаните да не се чувствуваат дискриминирани сметките може да ги скенираат во секоја од единиците на УЈП каде што им е најблиску“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека преку оваа мерка се очекува намалување на сивата економија, бидејќи граѓаните ќе купуваат само таму каде што издаваат валидни фискални сметки и ќе ги натераат данчните обврзници да издаваат сметки.Лукаревска не даде бројка за колку се очекува да се намали сивата економија, туку потенцираше дека ова е една од мерките која се воведува за таа цел.

„Секоја година по малку да се намалува сивата економија, ние сме успеале во целта. Во декември ќе знаеме дали е зголемен бројот на издавање на фискални сметки“, додаде Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Како и на кој начин ќе можете да ги скенирате фискалните сметки за враќање на ДДВ

Сите детали: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Твитер ја „подбра“ Владата: „Ајфон е за богати, а на богатите не им треба поврат на ДДВ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите

Редакција

„Хотели-Метропол“ лани оствари добивка од 37,7 милиони денари

Редакција

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Комерцијална банка

Редакција