еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Како и на кој начин ќе можете да ги скенирате фискалните сметки за враќање на ДДВ

УЈП за да им излезе во пресрет на граѓаните кои ќе имаат проблем со апликацијата „Мој ДДВ“, за скенирање на фискалните сметки со цел поврат на ДДВ од 15 отсто, на 36 места во организационите единици постави киоск апарати, бар-код читачи и паметни телефони преку кои ќе се скенираат фискалните сметки.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Граѓаните може да појдат до најблиската филијала и таму да добијат помош од вработените.

Фискалните сметки кои не содржат бар-кодови, како што се сметките од такси-превозниците, нема да може да се скенираат, а истото важи и за компјутерските невалидни фискални сметки.

Граѓаните за да остварат поврат на ДДВ треба да имаат наполнето 18 години, да поседуваат документ за лична идентификација, да имаат трансакциска сметка и да се регистрирани во системот на УЈП.

Секое физичко лице може да направи поврат од 7.200 денари месечно или едно четиричлено семејство околу 28.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апликацијата „Мој ДДВ“е достапна на веб-страницата, на „адроид“, но за сега не и за Ајфон

Сите детали: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Твитер ја „подбра“ Владата: „Ајфон е за богати, а на богатите не им треба поврат на ДДВ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 101 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје 57

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

Нови 19 случаи позитивни на корона вирусот, вкупната бројка заразени 1.386 лица

Редакција