еМагазин
Image default
Локално

Заврши седмиот Конгрес на педијатри во Струмица, а Скопје стана домаќин на IPA конгресот во 2020 година

Повеќе од двеста учесници, од кои педесет еминентни професор и лекари од Македонија, но и од Турција, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово и Црна Гора, беа дел од седмиот Конгрес на педијатри со меѓународно учество во организација на Здружението на педијатрите на Македонија.

Конгресот се одржа во Струмица, во хотелот Сириус, а траеше од 25 до 28 јули. Покрај стручните предавања имаше и саем на кој излагачи беа 19 компании, тесно поврзани со педијатријата.

Овој Конгрес имаше за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот седмиот Конгрес беа: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

На свеченото отворање, кое се одржа на 25 јули, свое обраќање имаа: претседателката на Здружението на педијатрите, проф. др. Аспазија Софијанова, министерот за здравство, Венко Филипче, проф. др. Емеритус Енвер Хасаноглу, претседател на Интернационалната педијатриска асоцијација (IPA), проф. др. Рамуш Бејќи, претседател на косовското педијатриско здружение, проф. др. Влада Вукомановиќ, директор на институтот Мајка и дете во Белград, проф. др. Георгиос Константинидис, претседател на Здружението на педијатри во Србија, со видео обраќање се обрати проф. др. Небојша Кавариќ, претседател на Асоцијациjaта за превентивна педијатрија на Црна Гора, асс. др. Самир Бејиќ, заменик претседател на Здружението на педијатри на Босна и Херцеговина, проф. др. Рада Маркова, директор на детската болница во Софија, Бугарија, проф. др. Оливер Каранфиловски, генерален секретар на Македонско лекарско друштво, проф. др. Калина Грифчева Старделова, претседател на Лекарска комора на Северна Македонија, проф. др. Миливој Новак, директор на државната клиничка болница во Загреб, Ребро, како и др. Ден Дончев, директор на фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија.

На свеченото отворање поддршка на седмиот Конгрес на педијатри даде и Славица Заева, која едноставно ја препозна потребата за поддршка на ваков настан и тоа во нејзиниот роден град, Струмица.

Додека на затворањето свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Струмица, др. Коста Јаневски кој даде силна поддршка, а на организаторите и учесниците им порача дека и во иднина ќе помага на вакви проекти кои се од големо значење за Струмица, но и за здравството во Северна Македонија.

„Многу често се соочувам со прашањето како сум ја одбрала својата професија и одговорот на ова прашање за мене е секогаш ист. Станав педијатар, бидејќи оваа професија едноставно ми го зароби срцето. Секогаш уживам кога сум околу деца. Тие се забавни, искрени и добронамерни, но кога едно дете е болно тоа е како ранет ангел. Тоа беше првичниот поттик кој ме натера вистински да се вложам во оваа професија.

Но, како мојата работа напредуваше сфатив уште еден дел кој навистина е драгоцен за мене, а тоа е честа која ја добивам секој пат кога родител ќе го довери здравјето на своето дете во мои раце. Оваа привилегија е уште поголема кога детето е болно, повредено или во критична состојба.

Тој момент на најголемата ранливост кај родителите чиј инстинкт ги мотивира да направат се за своето дете и фактот дека тие лично немаат како да го направат тоа е вистински акт на доверба.

Да се грижиш за тоа новороденче, дете или адолесцент е задача што педијатарот ја прифаќа и ја прави доброволно, чувствувајќи ја тежината на оваа одговорност, болката што детето ја издржува, стравот, тагата и загубата што родителите може да ја претрпат.

Свесна за сите овие предизвици на нашата професија со голем ентузијазам ги прифаќам сите конгреси, едукации и состаноци на кои можеме да го размениме своето знаење и искуства“, кажа претседателката на Здружението на педијатрите на Македонија, проф. др. Аспазија Софијанова.

Она што е интересно и многу значајно за македонската педијатрија и воопшто за македонското здравство е најавата на проф. др. Емеритус Енвер Хасаноглу, дека во 2020 година Скопје, Северна Македонија можно е да биде домаќин на Конгресот на IPA (Интернационална педијатриска асоцијација).

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го застрелал за да „расчисти“ расправија околу напасување добиток

Редакција

Притвор за осомничениот убиец од Тафталиџе: Обвинителството со детали од истрагата

Редакција

Приведени 26 танчерки: Русинки, Украинки, Молдавки работеле во кафана во тетовско

Редакција