еМагазин
Image default
Локално

Приведени 26 танчерки: Русинки, Украинки, Молдавки работеле во кафана во тетовско

На 12/13.09.2020 во времето од 22,30 до 02,00 часот, при акциска контрола од полициски службеници од СВР-Тетово, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две државјанки на РСМ, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина), информира МВР.

Тие биле приведени. Исто така и кај едно женско лице од Р.Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово. Во угостителски објект во с.Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турчин нападнал полицајка од Полска дел од мешовита патрола во Македонија

Редакција

Едно лице загина во сообраќајка во близина на Битола

Редакција

Тетовчанец со нож шест пати ја прободел партнерката

Редакција