еМагазин
Image default
Локално

Жена пронајдена мртва во стан во Скопје

Седумдесетгодишна жена вчера била пронајдена почината во стан во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера попладне во 16:30 часот во ПС Аеродром било пријавено дека во стан на булевар „Видео Смилевски – Бато“ била пронајдена почината Љ.Ф. (70).

Откако е влезено во станот, била повикана итна медицинска помош и од страна на лекар е констатирана смрт без траги на насилство.

Известен е јавен обвинител, кој дал насоки телото на починатата да се предаде на семејството за погреб.

При влегувањето во станот, вчера од 17:15 часот до 18.40 часот интервенирала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР кривично го гони пожарникарот кој претепа колега од Охрид

Редакција

Децата ќе можат да се вакцинираат и за викенд, вакциналните пунктови ќе работат

Редакција

Три автомобили зафатени од оган од опожарени контејнери во Скопје

Редакција