еМагазин
Image default
Балкан

(Видео) Ќе стане ли Ципрас првата голема политичка жртва на Преспанскиот договор?

Ќе биде ли грчкиот премиер Алексис Ципрас првата голема политичка жртва од потпишувањето на Преспанскиот договор е прашање на кое одговорот ќе се знае по утрешното гласање на предвремените парламентарни избори во Грција.

Тие следуваат откако Сириза на Ципрас доживеа пораз на европските и локалните избори од опозициската Неа Демократија предводена од конзервативецот Кирјакос Мицотакис.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат водство на конзервативците од 13% во однос на Сириза за парламентарните избори.

Според грчките и регионалните медиуми гласачите ја загубиле довербата во Ципрас поради неостварените ветувања околу помошта и враќањето на долговите за должничката криза во Грција, лошото менаџирање на проблемот со мигрантите, а како капак на тоа и потпишувањето на Преспанскиот договор со нашата земја.

Сепак, Ципрас на вчерашниот последен митинг од кампањата пред денешниот предизборен молк кажа дека анкетите се една работа, а гласањето сосем друга и повторно ги повика многубројните приврзаници присутни на митингот да излезат и да гласаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас: Горд сум за Договорот од Преспа, иако имаше влијание и политичка цена

Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција

Фото/Видео:Влада/Youtube/Ruptly

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Силеџиство јок со Грција“, одговори Мицотакис на заканите од Ердоган

Редакција

Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Редакција

(Фото) „Не сме од Кина“: Тајванци се шетаа со натписи низ Шибеник

Редакција