еМагазин
Image default
Локално

Спасовски: За групата поврзана со грабежот на банката вчера, има индиции дека не е само со македонски државјани 

Имаме одредени индиции за групата поврзана со грабежот на банка вчера, која е мешана, не е само со македонски државјани, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот вооружен грабеж на банка.

Посочувајќи дека ова е трет случај од минатата година, тој нагласи дека кога станува збор за вооружените грабежи, начинот отприлика е ист. Спасовски не откри повеќе детали заради, подвлече, истрагата.

Потсети дека покрај вооружените грабежи, имавме и такви од вработените или лица кои имаат пристап. Тој додаде дека се работи на тоа да се расчистат случаите.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од НЛБ во Сарај биле украдени 115.000 евра, банката ќе продолжи со работа во среда

Грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Сарај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Физички нападнат вработен во прилепската Градска болница

Редакција

Две момчиња „оперирале“ во радовишко: Шест месеци краделе нафта од багери, камиони, булдожери…

Редакција

Опожарени билборди во Капиштец

Редакција