еМагазин
Image default
Локално

(Видео) МВР уништи 400 килограми дрога и 600 парчиња оружје

Денеска во погоните на „Еуроникел индустри“ во Кавадарци, беа уништени оружје и наркотични дроги одземени по основ на правосилни судски одлуки, донесени по завршени кривични постапки, како и врз основ на решениja за нивно ништење донесени од соодветните судови во државата.

Огненото оружје и наркотичните дроги претходно биле преземени од магацините на судовите и складирани во магацините на МВР.

„Станува збор за уништени повеќе од 600 парчиња оружје, од кои најголемиот дел се пиштоли – 358, ловечки пушки – 142, автоматски пушки -32, воздушни пушки – 54, еден ракетен фрлач и друго.

Во поглед на уништени количини на дрога, станува збор за повеќе од 400 килограми наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, и тоа марихуана, хашиш, кокаин, хероин, амфетамини и друго“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Лазарополе: Дрвосечач починал откако му паднало дрво на главата

Редакција

Новиот градоначалник на Охрид ќе се бира на избори

Редакција

(Фото) Повредено 8-годишно дете се спаси себе си и татко му после сообраќајка на патот Дреново- Кавадарци

Редакција