еМагазин
Image default
Локално

Новиот градоначалник на Охрид ќе се бира на избори

Ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски покренува процедура што ќе мора да биде спроведена за непречено функционирање на локалната власт.

Согласно законските одредби, во случај на смрт на актуелниот градоначалник, Советот на општината формално треба да да го констатира престанокот на мандатот, а член на Советот кој ќе го заменува градоначалникот во рок од 15 дена од денот на настапувањето на причината за престанок на мандатот е должен за тоа да го извести ресорното Министерство за локална самоуправа.

Министерството во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето ја известува Владата која во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето констатира дека настапил прекин на мандатот и истовремено иницира постапка за распишување нови избори за градоначалник, согласно законот.

Советот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата, ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот за периодот до изборот на нов градоначалник, на начин на кој се избира претседателот на Советот. На членот на Советот му мирува функцијата советник за време на вршењето на должноста градоначалник.

Проблематичното во конкретната ситуација е што сите тие процедури треба да се спроведат во време пред истек на календарската година, кога вообичаено се гласа буџетот на Општината Охрид за 2019 година, така што постои потреба од брзо реагирање и агилност на институциите.

Тука се во прашање и други општи и поединечни акти и документи што директно зависат од потписот на градоначалникот, а се неопходни за тековно функционирање на Локалната самоуправа и правните субјекти во градот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски починал од срцев удар

На 48 годишна возраст почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против двајца кумановци: Во казино играле со фалсификувани евра

Редакција

Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково

Редакција

Таткото на децата од станот во „Скопјанка“ нема поднесено барање за предоверување

Редакција