еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имало вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден во Општина Сарај, кај месност “Карпалак“, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума и уште еден во Општина Гази Баба, во село Инџиково, каде гори ниска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изгаснати пожари се 12 пожари и тоа: Општина Валандово 2: меѓу с.Удово и с Марвинци (лозје и ниска вегетација), с.Пирава (ниска вегетација и депонија), Општина Илинден: с.Дељадровце (стрниште), Општина Сарај: с.Бојане (ниска вегетација), Општина Бутел: ,,Љуботенски Пат” (ниска вегетација и ѓубре), Општина Гази Баба: с.Инџиково (ниска вегетација), Општина Струга: Граничен премин „Ќафасан“ (ниска вегетација), Општина Дебар: с.Селокуќи (ниска вегетација), Општина Куманово 2: с.Ваксинце (ниска вегетација), спроти бензинска пумпа на “Макпетрол“ на автопатот Скопје – Куманово во с.Романовце (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с.Смилковци (ниска вегетација и отпадоци) и во Општина Демир Хисар (градска депонија – отпадоци), информираат од ЦУК.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој сака да предизвика етничка и верска нетрпеливост со поставување на спомен плоча на кулата на Титов Врв?

Редакција

Левица бара од Уставниот суд да ја укине функцијата на Артан Груби

Редакција

Рускоска: Интерпол не сака да објави потерници за Груевски и Бошковски

Редакција