еМагазин
Image default
Локално

Скопјани ги очекува пеколен метеж: Во наредните 40 дена градежни работи на мостот „Гоце Делчев“

Градежни работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена. Станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и таму ќе имаме посебен сообраќаен режим, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот“, рече Шилегов.

Деновиве се работи и на булеварот Партизански одредеи, така што граѓаните на Скопје, а посебно воазчите ќе треба да покажат разбирање и да го издржат застојот во сообраќајот.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“

Редакција

Тешко повредена патничка во автобус по судар со „поло“ во Скопје

Редакција

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Кратово

Редакција