еМагазин
Image default
Македонија

Врховен суд до Антикорупциска: Судиите секогаш се изземаат во постапки во кои постојат причини

Судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно со Уставот се самостојни и независни во своето одлучување и при вршење на задачите од својата надлежност, пред се, оценуваат дали има законски пречки да постапуваат во конкретен предмет, притоа раководејќи се од законски предвидените основи за изземање, вклучително и субјективниот тест, односно дали судијата смета дека постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност.

Тоа го соопшти денеска Врховниот суд, вчерашното известување  од Државната комисија за спречување на корупцијата дека засегнатите судии од разрешување треба да се изземат од постапката.

Во соопштението Врховниот суд навеудва дека постапува согласно со уставните и законските надлежности, применувајќи ги притоа Уставот, законите, меѓународните ратификувани договори, како и праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

– Во досегашната пракса судиите кои постапуваат по конкретни предмети, секогаш се изземале во постапки во кои постоеле причини за изземање, вклучително и во постапки по предмети за кои се одлучувало на Општа седница, при што не подлегнуваат на било какви надворешни притисоци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Врховниот суд.

Од Врховниот суд, посочуваат дека во текот на минатата година биле донесени вкупно 150 решенија за изземање на судии, од кои 146 врз основа на барање на судија. Таквата пракса, се вели во соопштението, ќе продолжи и во иднина, независно од надворешни влијанија, затоа што судиите се самостојни и независни во носењето на судски одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска: Судиите на Врховниот суд не може да учествуваат во постапка за нивно разрешување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела бројот на случаи на Ковид-19 се намалил за 13,4%

Редакција

Второобвинетата Ангела Ѓорѓиевска тврди дека не е виновна за убиството на Пино Секондо

Редакција

Eден починат од Ковид-19 во Тетово, 119 хоспитализирани се на кислородна поддршка, четворица од нив вакцинирани

Редакција