еМагазин
Image default
Македонија

МАН: МВР во најкус рок да ги открие партиските ботови кои им се закануваат на новинари

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите по безбедноста на новинарите, загрозување на безбедноста на нивните семејства, како и политичкиот притисок кој се засилува од ден во ден.

“Последниот пример со заканите по безбедноста на новинарот и уредник Љупчо Златев, како и на неговото семејство само покажува дека слободата на медиумите сериозно е загрозена, наспроти паушалните оценки на владата дека нема политички притисок.

Ја повикуваме партијата на власт да си ги заузда партиските ботови и да престанат со јавните хајки, заканите кон новинарите и нивните семејства.

Го повикуваме министерството за внатрешни работи најитно да го расветли овој случај до крај, без разлика кој и да е заканувачот.

Ги повикуваме сите новинари кои се цел на закани и политички притисок да ни се обратат, истите да ги пријават, а правниот тим на МАН им стои на располагање да им помогне.

Лицемерие е што министрите Поповски и Димитров заминале во Лондон и потпишале Глобалната заложба за слобода на медиумите. Македонија е црна точка на мапата по слобода на медиумите во ЕУ.

За овие, како и за претходните закани, известени се ЕФЈ и ИФЈ, како и странските амбасади во земјава“, велат од МАН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува пописот, првиот ден попишани над 90.000 лица

Редакција

Празниците и убавото време да ги искористиме одговорно, да не се групираме и кршиме мерките, порача Филипче

Редакција

Притвор од 30 дена за напаѓачот кој претепа скопјанец на кеј „13 Ноември“, а кој подлегна на повредите

Редакција