еМагазин
Image default
Македонија

Јавниот обвинител Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш во два наврата, знаеме од кои сметки се обезбедени

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за Независен весник во врска со случајот „Рекет“, вели дека парите се дадени во готовина во два наврата.

Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврдило начинот и сметките од кои се обезбедени парите.

„За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал, вели Јовески во интервјуто.

На прашањето дали истрага за рекетот што го изнудувале двајцата осомничени ќе биде проширена и ќе опфати пратеници и обвинители, или можеби некои други личности, Јовески вели дека истрагата ќе се прошири за сите инволвирани лица во конкретниот случај, како и за други кривични дела доколку се дојде до такви докази.

„Во овој момент не може да се каже дали ќе бидат опфатени пратеници, обвинители или други личности. Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден“, вели тој.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој знае каде е Катица Јанева?

Боки 13 е најголемиот „рекетар“ во Македонија? Нема други?

„Дајте и на мафијата да си одбери и обвинител и судии… па гревота се дечките„: Твитер реакции за Катица Јанева, „новото СЈО“, „Рекет“

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40-годишниот Ресенчанец кој почина од корона вирусот бил спортист

Редакција

Талат Џафери стана почесен граѓанин на албанската Општина Лежа

Редакција

Утре завршува полицискиот час: Ќе има ли продолжување за празниците?

Редакција