еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Заев откри злоупотреби: Лекари издавале фиктивни рецепти, а со лековите се тргувало

Премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Како што соопшти владината прес-служба, тој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола, дури има еден затекнат од времето на претходната власт и најави целосно решение на проблемот на есен.

-Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било дел од месецот, рече премиерот Заев.

Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов денеска ќе ја предаде функцијата на Пендаровски: Детали за церемонијата во Вила Водно

Редакција

Судење за „Рекет“: Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“

Редакција

За МНР бугарската декларација е спротивна на реалноста и оди во прилог на провокаторите и ескалација на состојбите

Редакција