Педестиседумгодишен маж од Тетово со иницијали Ф.Т е најден мртов во возило со рани од огнено оружје. Телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово, информира полицијата
-Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.
Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот. Човекот бил вработен во општина Тетово.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во својот автомобил во центарот на Тетово
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.