еМагазин
Image default
Македонија

Алтернатива на Гаши за шефица на новото СЈО ја предлага Фатиме Фетаи

И од Алтернатива на Африм Гаши излегоа со свој предлог кој треба да го води новото Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Од таму ја предлагаат обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи.

„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја.

Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција“, велат од Алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема датум за ЕУ во октомври без ново СЈО и борба против корупцијата и криминалот

Ахмети не сака новото СЈО да го води странец, немало потреба земјата да се претвара во протекторат

Алијансата за Албанците до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за сериозно да се бориме против криминалот и корупцијата

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Самоопределување“ на Курти не може да дејствува политички во Македонија

Редакција

Кривична пријава за две лица за поткуп при избори и гласање

Редакција

Ќе сведочи заштитен сведок: Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција