еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети не сака новото СЈО да го води странец, немало потреба земјата да се претвара во протекторат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема предлог кој треба да застане на чело на новото Обвинителство за криминал и висока корупција. Според него, новиот обвинител треба да биде избран од Судскиот совет, а не да биде странец, објави ТВ 21.

– Земјата нема потреба да позајмува или себеси да се претвора во протекторат, бидејќи работите и процесите во земјата отидоа толку далеку што веќе сме член на НАТО и сме во пресрет на отворање на преговорите за во ЕУ. Нашата земја има капацитет и е добро организирана како во областа на правосудството, така и во законодавната и извршната власт, изјави Ахмети.

Ахмети смета дека Македонија не треба да го отвора прашањето за промена на изборните единици, бидејќи, како што рече, станува збор за недоработено прашање, пренесува телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијансата за Албанците до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за сериозно да се бориме против криминалот и корупцијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново рочиште за „Монуструм“: Треба да сведочат Блерим Беџети и Муса Џафери

Редакција

Не само Бугарите, туку и Австрициите, Романците… ќе ги ставиме во Уставот, најавува Заев

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 77 пациенти, а вкупно се лекуваaт 654

Редакција