еМагазин
Image default
Локално

Филмски сцени во казино во Кочани: Тепал кого стигне, пукал и побегнал од полицијата

На 26.07.2019 околу 04.10 часот Ж.Ж. (37) во казино во Кочани физички го нападнал Б.Д., а потоа и З.З., соопшти МВР.

Исто така, Ж.Ж. телефонски упатил закани до полициски службеник кој не бил на работа. Ж.Ж. физички нападнал и вработени во обезбедувањето на казиното и извадил пиштол и испукал.

„Веднаш по добиената пријава упатени се полициски службеници на местото на настанот и на ул. Димитар Влахов го пресретнале Ж.Ж и му наредиле да застане и како предупредување испукале два куршуми во воздух, но Ж.Ж. не застанал туку испукал два куршуми во воздух и се дал во бегство.

Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вандализирана новата градинка во Бутел која требаше да се отвори во септември

Редакција

Починале на место: Познат идентитетот на петтемина загинати во сообраќајката кај Драчево

Редакција

Приведен дилер од Кочани, пронајдена марихуана

Редакција