еМагазин
Image default
Македонија

СЈО ги демантира „360 степени“: Нема наредби за „форензичко бришење“ податоци

Во врска со денешно објавените написи околу наводно издавање наредби за форензичко бришење или уништување на податоци во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), истите во целост ги демантираме, соопшти СЈО откако „360 степени“ од извори од обвинителството објави дека Катица Јанева наредила „форензичко уништување“ на доказите.

„Појаснуваме дека Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма.

Сите активности кои во континуитет се преземаат се единствено во насока на зачувување на сите податоци, информации, документи и списи кои се предмет на работењето на ова обвинителството.

Водејќи се од правилата за обезбедување на безбедносни, технички и организациски мерки во делот на заштитата на целокупниот материјал кој се наоѓа во обвинителството, сочувувањето на неговиот интегритетот е од висок приоритет, и во ниту еден случај не би се дозволило по било кој основ истиот да биде доведен во опасност, соопшти СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според „360 степени“: Катица Јанева побарала „форензичко бришење“ на компјутерите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на делови од предложената преговарачка рамка

Редакција

Американската амбасадорка Бернс: Усвојувањето на законот за ЈО ќе испрати позитивен сигнал, ревидирањето на Преспа носи ризик

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица болни од Ковид-19

Редакција