еМагазин
Image default
Спорт

Завршија подготовките во Бар и Сутоморе за Македонската универзитетска карате репрезентација

Селекторот на Универзитетската карате репрезентација на Северна Македонија  Бошко Заборски – задоволен од досегашниот тек на  подготовки кои во текот на утрешниот ден завршуваат.

„Во Црна Гора имавме прекрасни услови за работа, каратистите максимално се ангажираа и добро се подготвија за учество европската боречка универзијада во Загреб. Иако е летен период ние не дозволивме да се опуштиме, напротив максимално се мобилизиравме и направивме услови каратистите максимално да се подготват.

Овде во Бар и Сутоморе имавме и голема поддршка од најдобриот Карате клуб Омладинац од Подгорица и Бар од Бар, со овие клубови кои во своите редови имаат бројни носители на европски и светски медали направивме исклучително добри спаринг тренинзи и задоволството беше обострано“, истакна Заборски.

Список на каратисти-ки кои ќе не преставуваат на Европските универзитетски игри на боречки спортови е следен:

Во женска конкуренција поединечно и екипно во дисциплината кумите (борби), ќе настапат:

Сара Радичевска -50 кг

Симона Заборска -55 кг

Моника Пендаровска -61 кг

Анѓела Мојсовска -68 кг.

Во дисциплината екипно борби (кумите) за жени тимот ќе биде составен од: Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.

Во машка конкуренција поединечно борби ќе не преставуваат:

Горан Николовски -60 кг

Давид Петков -67 кг

Петар Заборски -75 кг

Петар Спасеновски -84 кг

Роберто Ацковски екипни борби.

Во машка конкуренција борби екипно (кумите) составот е следен: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Роберто Ацковски, Давид Петков, Горан Николовски, додека во дисциплината КАТИ поединечно за мажи ќе настапи каратистот Фери Исиќ.

Петар Заборски -75 кг

Петар Спасеновски -84 кг

Давид Петков -67 кг

Роберто Ацковски -60 кг

Во Загреб,  од 31 јули до 4 август, ќе има 1300 учесници од 400 универзитети и 35 европски земји, ова е прво вакво  издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го прават најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година.

Студентскиот дом „Стјепан Радиќ” (Сава) ќе биде спонзорско село за сите гости кои ќе се натпреваруваат во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбоксинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дарио Ивановски го истрча маратонот во Париз и го развиори македонското знаме

Редакција

Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД повторно на Европскиот Клупски Куп 2018 – трета година по ред во ист состав

Редакција

Дарко Поп Ацев за неговиот брат шампионот Евгениј: Успех недоволен за да има барем некаква помош од државата

Редакција