Членот на заедничката Комисија за историја меѓу Македонија и Бугарија, историчарот Петар Тодоров, за Алсат М вели дека дебатата стигнала до причините за заедничко чествување на Гоце Делчев. За него не е опција Делчев да биде изучуван како Бугарин зашто така Македонците би немале основа за негово чествување.
„Од наша страна неколкупати е укажано дека решението за Гоце Делчев треба да биде во насока на тоа зошто таа историска личност е значајна за бугарското и македонското општество и тоа да биде основа за заедничко чествување.
Бидејќи, доколку ние чествуваме затоа што Гоце Делчев бил Бугарин, тоа нема основа за Македонија и за македонските граѓани, нема основа да чествуваме нешто такво“, вели Тодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов инсистира до октомври да има договор чив е Гоце Делчев
Заев верува дека со Бугарија ќе се договориме и за Гоце Делчев
Фото: Влада