еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Министерство за здравство со препораки за екстремно топлотниот бран

Целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за здравство

Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето.

Во текот на екстремно топлите денови треба да се престојува повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, главно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци, а при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата таа да се загрее на + 100 степени.

Се препорачува да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре пеколни температури: Препораки на ДЗС за најавениот топлотен бран

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стелт“ варијантата на омикрон, подваријанта на Ковид-19, останува доминантна во Македонија

Редакција

Успение на Пресвета Богородица: Архангел Гаврил со рајска гранка ѝ го навестил упокојувањето

Редакција

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола во алкохолизирана состојба, врзала едно од децата за кревет

Редакција