На 06.08.2019 во 13:30 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „7 ми Ноември“ патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки управувано од З.З.(64) од Охрид удрило во А.У.(29) од Охрид, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У., кој бил пренесен во болницата “Св. Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.