еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Јовески не одговори директно дали Јанева ќе биде повикана во Обвинителство

Одговарајќи на прашањето дали снимката која се појави во италијанскиот весник „Ла Верита“  може да ја загрози на некој начин истрагата за „Рекет“, јавниот обвинител Љубомир Јовески е дециден дека тоа не може да се случи.

Доколку дојде до судска постапка, појасни тој, доказите, меѓу кои и снимени материјали Обвинителството ќе ги презентира како доказ.

На прашањето дали специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која се спомнува во објавената снимка, ќе биде повикана на разговор, тој посочува дека во обвинителството се повикуваат и ќе бидат повикани сите лица неопходни за истрагата.

МИА/Видео: Институт за комуникациски студии

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Јанева ја масираат на плажа во Калитеа

Јовески: Снимката во „Ла Верита“ не е излезена од Обвинителството

СЈО се огласи по „италијанската“ снимка за „Рекет“: „Потврда дека сме чисти“

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците изгласаа Собранието да има пет потпретседатели

Редакција

МВР постапува по дивоградбата кај Мавровка, известено и Обвинителството

Редакција

Вкупно 2.873: Починаа 7 лица од Ковид-19

Редакција