еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Мечка и мали мечиња ги превртуваат контејнерите барајќи храна во Галичник

Веројатно сте забележале дека летово, секое утро, низ цел Галичник наоѓаме превртени контејнери. Не се работи за невкусни шеги! Всушност, во Галичник имаме редовни посети од Менда со мечиња, кои мислат дека контејнерите секојдневно ги полниме со вкусен оброк за нив!, информираа од месната заедница Галичник на нивниот Фејсбук профил.

„Деновиве Галичник е полн, отпад има многу, а поради високите температури ѓубрето брзо скапува, се шири непријатна миризба и чистењето е тешко.

Додека да најдеме трајно решение, апелираме: трудете се органскиот отпад да го одлагате во дупка во двор, редуцирајте го отпадот кој оди во контејнер, ако сте на краток престој, понесете го ѓубрето со себе.Ви благодариме!“, напишаа од месната заедница Галичник.

Фото: Шари беар шоу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

29-годишно момче од Прилеп загина во сообраќајка

Редакција

Дежурни пунктови за деца во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров

Редакција

Намалување од 33,8%: За една недела 3.443 нови случаи на Ковид-19

Редакција