Во периодот јануари-јуни 2019 година „Оилко“ оствари вкупни приходи во висина од 196,9 милиони денари и кај истите има 10,6% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година, соопши компанијата преку Македонската берза.
„Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 63,82% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 17,39%. Во периодот јануари-јуни 2019 година друштвото оствари вкупни расходи во висина од 182,6 милиони денари и кај истите има 5,7% зголемување споредбено со истиот период од 2018 година.
Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 29,87% имаат расходите за бруто плата кои во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од
14,22%.
Друштвото заклучно со 30.06.2019 година оствари добивка во висина од 12,4 милиони денари и истата е зголемена за 182% споредбено со истиот период од 2018 година.
Ваквиот резултат се должи на стагнација и незначително зголемување на оперативните расходи со истовремено зголемување на оперативните приходи од зголемен транспорт на деривати на домашен пазар и зголемен транспот на деривати на странски пазар“, информираат од компанијата.
Фото: Оилко